Сподели доживувања
 Call & Surf Optic пакети – Интернет со брзина на светлината! 
 

Проверете ги промотивните поволности ТУКА

Call & Surf Optic Start

Месечно1.299 ден.

Call & Surf Optic Comfort

Месечно1.899 ден.

Call & Surf Optic Comfort +

Месечно2.499 ден.

Интернет      
Брзина на интернет пристап (D/U) (1) До 20 Mbps / 20 Mbps До 30 Mbps / 30 Mbps До 40 Mbps / 40 Mbps
Вклучен интернет сообраќај месечно (D+U) 30 GB (2) 60 GB (3) Неограничен (4)
E-mail адреса Вклучена Вклучена Вклучена
IP адреса Динамичка Динамичка Динамичка
Говорни услуги (5)      
Вклучен сообраќај во рамки на фиксната мрежа на Македонски Телеком (6) 200 минути (7) 500 минути (8) Неограничен (9)
Вклучен сообраќај во заедницата на Call & Surf, 3 Max и 2 Max (10) Неограничено Неограничено Неограничено
Сообраќај од фиксен кон мобилен во Македонија Редовни цени Редовни цени Редовни цени
Попуст на меѓународен сообраќај (11) / 20% 30%
Промоција до 31.12.2010 година / 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон 10 земји (12) 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон 20 земји (13)
Дополнителни услуги Редовни цени Редовни цени Редовни цени (13a)
Бесплатна втора телефонска линија (за склучен договор до 31.12.2010 година) (14)

Вклучена
(со посебен телефонски број)

Вклучена
(со посебен телефонски број)

Вклучена
(со посебен телефонски број)

   
 Напомени 
 

(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори како што се: брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком АД – Скопје ќе ја испорача највисоката можна брзина.

(2) Доколку месечниот сообраќај надмине 30 GB (download + upload), или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД – Скопје го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).

(3) Доколку месечниот сообраќај надмине 60 GB (download + upload), или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД – Скопје го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).

(4) Доколку месечниот сообраќај надмине 300 GB (download + upload), или во случај на злоупотреба, Македонски Телeком АД – Скопје го задржува правото да ја ограничи брзината на пристап на ниво до 1 Mbps /1 Mbps (download/upload).

(5) Ако сте корисник на говорни услуги на Македонски Телeком АД – Скопје и мигрирате во Optic пакет кој вклучува говорна услуга, можете да го задржите вашиот постоен телефонски број. Ако сте корисник на говорни услуги на друг оператор и мигрирате во Optic пакет кој вклучува говорна услуга, можете да побарате од вашиот сегашен оператор пренесување на вашиот телефонски број, за да го задржите истиот телефонски број кога ќе ви го активираме Optic пакетот (за пренесување на вашиот телефонски број потребна е согласност од вашиот сегашен оператор).

(6) Говорниот сообраќај вклучува локални и национални повици во рамките на фиксната мрежа на Македонски Телeком АД – Скопје, но не вклучува повици кон специјални броеви (на пр. 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др.) и повици кон други оператори, кои што се наплатуваат по редовните цени.

(7) По надминување на 200 минути разговори вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.

(8) По надминување на 500 минути разговори вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.

(9) За неограничените разговори во локален и национален сообраќај важи политика на фер користење која подразбира телефонски разговори до 100 часа месечно. По надминувањето на овој праг, разговорите се наплатуваат по редовните цени.

(10) Нeограничениот сообраќај важи за повици кон корисници на Call & Surf, 3 Max и 2 Max пакетите на Македонски Телeком АД – Скопје, како што се Call & Surf (на ADSL), Call & Surf Optic, 3 Max (на ADSL), 3 Max Optic и 2 Max (на ADSL).

(11) Попустот на меѓународен сообраќај (20% или 30%) вклучува повици кон фиксни и мобилни странски мрежи.

(12) За време на промотивниот период до 31.12.2010, со договор склучен на една година, следат 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон фиксни мрежи во следните 10 земји: Австрија, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Швајцарија, Турција и САД. По надминување на 10 часа во текот на еден месец, разговорите се наплатуваат по редовните цени со 20% попуст. Промоцијата не важи со договор склучен на неопределено време.

(13) За време на промотивниот период до 31.12.2010, со договор склучен на една година, следат 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон фиксни мрежи во следните 20 земји: Австрија, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Швајцарија, Турција, САД, Албанија, Австралија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Унгарија и Шведска. По надминување на 10 часа во текот на еден месец, разговорите се наплатуваат по редовните цени со 30% попуст. Промоцијата не важи со договор склучен на неопределено време.

(13a) Во цената на Comfort + пакетот е вклучен Пакетот дополнителни услуги 1, кој содржи: идентификација на повик (CLIP), повик на чекање со задржување на врска, пренасочување на повик и еден дополнителен број (на постоечка линија) со различно ѕвонење. За активирање на Пакетот дополнителни услуги 1 треба да поднесете барање. Останатите дополнителни услуги се наплатуваат по редовните цени.

(14) Ако се претплатите најдоцна до 31.12.2010, со пакетот следува втора телефонска линија со посебен телефонски број, без дополнителен надомест (само треба да поврзете втор телефонски апарат на оптичкиот уред). Повици помеѓу основната и втората телефонска линија се без дополнителен надомест. Вклучените минути локален и национален сообраќај без дополнителен надомест важат за основната и втората телефонска линија вкупно (на пример: со 200 минути вклучени со пакетот, можете сите да ги искористите од основната линија, или сите да ги искористи од втората линија, или 150 минути од основната линија и 50 минути од втората линија, или во било која друга комбинација со тоа што збирот на минутите без дополнителен надомест од основната и втората линија е ограничен на нивото предвидно со пакетот). Истите тарифи и услови кои важат за основната телефонска линија важат и за втората телефонска линија.