Сподели доживувања
 Call & Surf пакети 
 

Call & Surf Start

Месечно1.199 ден.

Call & Surf Comfort

Месечно1.799 ден.

Call & Surf Comfort +

Месечно2.399 ден.

Интернет      
Брзина на интернет пристап (1) До 6 Mbps / 768 Kbps До 8 Mbps / 768 Kbps До 10 Mbps / 768 Kbps
Вклучен месечен сообраќај 15 GB (2) 30 GB (3) Неограничен (4)
E-mail адреса Вклучена Вклучена Вклучена
Говорни услуги      
Вклучен сообраќај во мрежата на Македонски Телеком (5) 200 минути (6) 500 минути (7) Неограничен (8)
Вклучени разговори кон 3 Max, 2 Max, Call & Surf и Optic корисници Неограниченo Неограниченo Неограниченo
Попуст на меѓународен сообраќај (9) / Промотивно 100% попуст кон 10 држави (10)
20% редовен попуст
Промотивно 100% попуст кон 20 држави (11)
30% редовен попуст
Дополнителни услуги Редовни цени Редовни цени Редовни цени (12)
   
 Напомени 
 

Сите корисници кои склучиле договор пред 1 март 2010 година, а кои сакаат да ги користат условите, карактеристиките и цените на објавенитe пакети ќе може да мигрираат во еден од нашите продажни салони или преку Контакт центарот на телефонскиот број 171.

(1) Брзината на пристап на интернет услугата може да зависи од повеќе фактори, како што се брзината на веб сајтот на кој се пристапува, оптовареноста на глобалната интернет мрежа, конфигурацијата на компјутерот на корисникот и други фактори. Ако не може да се постигне максималната брзина дефинирана со пакетот, Македонски Телeком ќе ја испорача највисоката можна брзина.

(2) По надминувањето на вклучениот сообраќај од 15 GB (download + upload), брзината на пристап се намалува на 64 / 64 Kbps (download/upload).

(3) По надминувањето на вклучениот сообраќај од 30 GB (download + upload), брзината на пристап се намалува на 64 / 64 Kbps (download/upload).

(4) За неограничен интернет сообраќај важи политика на фер користење која подразбира сообраќај од 150 GB месечно. По надминување на вклучениот сообраќај, брзината на пристап се намалува на 64 / 64 Kbps (download/upload).

(5) Говорниот сообраќај вклучува локални и национални повици во рамките на фиксната мрежа на Македонски Телeком, но не вклучува повици кон специјални броеви како, 188, 142 xxx, 0500 xxx, и др. и повици кон други оператори, коишто се наплатуваат по редовни цени.

(6) По надминување на 200 минути разговори вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.

(7) По надминување на 500 минути разговори вклучени во месечниот надомест, разговорите се наплатуваат по редовните цени.

(8) За неограничените разговори во локален и национален сообраќај важи политика на фер користење која подразбира телефонски разговори до 100 часа месечно. По надминувањето на овој праг, разговорите се наплатуваат по редовните цени.

(9) Попустот на меѓународен сообраќај (20% или 30%) вклучува повици кон фиксни и мобилни мрежи во странство.

(10) За време на промотивниот период до 31.12.2010, со договор склучен на една година, следат 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон фиксни мрежи во следните 10 земји: Австрија, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Швајцарија, Турција и САД. По надминување на 10 часа во текот на еден месец, разговорите се наплатуваат по редовните цени со 20% попуст. Промоцијата не важи со договор склучен на неопределено време.

(11) За време на промотивниот период до 31.12.2010, со договор склучен на една година, следат 10 часа бесплатни меѓународни разговори кон фиксни мрежи во следните 20 земји: Австрија, Франција, Германија, Велика Британија, Грција, Италија, Канада, Швајцарија, Турција, САД, Албанија, Австралија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Унгарија и Шведска. По надминување на 10 часа во текот на еден месец, разговорите се наплатуваат по редовните цени со 30% попуст. Промоцијата не важи со договор склучен на неопределено време.

(12) Во цената на Comfort + пакетот е вклучен Пакетот дополнителни услуги 1, кој содржи: идентификација на повик (CLIP), повик на чекање со задржување на врска, пренасочување на повик и еден дополнителен број (на постоечка линија) со различно ѕвонење. За активирање на Пакетот дополнителни услуги 1 треба да поднесете барање. Останатите дополнителни услуги се наплатуваат по редовните цени.